ПЕТАР АНДОНОВСКИ

Сè што сте сакале, а не сте знаеле за бакнежот, односно за јажето на Марина Цветаева и на Борис Пастернак

Прв обид
Таа пролетна вечер 1918, никој во Русија (дури ниту Ленин и Троцки!) не може да претпостави каков историски миг се случува во станот на семејството Цетлини. Тие двајца седнати едендодруг, будно го следат секое движење на Мајаковски (кој седи наспротив нив) очекувајќи, најпосле, Мајаковски да погледне во Бели (кој седи од неговата лева страна), како би можеле да си се доближат уште повеќе. Тој, целиот преплашен, непрекинато си ги брише испотените дланки од панталоните (притоа непрекинато си ги гризе сувите усни), а таа, смешкајќи се на секое негово движење, со нетрпение го исчекува мигот кога ќе може да го направи она од што тој најмногу се плаши. И речиси се беа откажале од помислата дека Мајаковски ќе го тргне погледот од нив, кога наеднаш, неочекувано, Мајаковски станува и се упатува кон кујната…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd
EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd

ИЗНЕНАДУВАЊЕ

Освен ѕунење на комарци, друг знак на живот речиси и да немаше. Повремено Н. (која седи до мене на возачкото место) ќе испушти краток крик, колку да ме потсети дека не сум сам, дека таа е до мене. Еднаш Н. ми имаше кажано дека треба да научам да ја слушам тишината. Јас не ја сакам тишината. Тишината ме плаши. Н. вели дека јас сум единствениот поет на светот што не ја сака тишината. Прозорецот на автомобилот е ширум отворен, но освен неподносливата летна топлина ништо друго не влегува. Н. и понатаму молчи. Молкот на Н. во еден миг почнува да ме плаши. Па зарем не ми кажа дека се работи за изненадување?! Н. постојано повторува дека премногу зборувам. Дека треба првин два пати да размислам, па дури потоа да кажам нешто. Во еден миг комарците престануваат да ѕунат и нив ги заменуваат штурчиња. Никогаш не сум сакал штурчиња, но затоа Н. ги обожава. Кога пред три години бевме во Струга, Н. една вечер ме натера да одиме покрај езерото и да ги слушаме штурчињата. Тоа што штурчињата го испуштаат од себе е музика, би можел да напишеш песна за штурчињата, тишината, езерото – вели Н. Ама јас не сакам штурчиња…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ПОТОП

„Колку долго планираш да останеш?“ ме прашува мајка ми.
„Дури не го напишам расказот што планирав да го напишам токму тука!“ ѝ одговарам.
„Каков расказ ќе пишуваш?“ ме прашува мајка ми.
„За потоп!“ ѝ одговарам.
И пред да има време да ме праша за каков потоп, влегува татко ми и вели: „Ќе врне вечерва… Црни облачишта се влечат накај островот“.
„Како па да не, пази да не заврне по ова сонце!“ му одговара мајка ми.
„Ќе врне кога ти велам! Утрово рибарите ми кажаа дека на Гавдос цела вечер врнело, утрово не можеле да го најдат островот.“ Погледнува кон небото и по малку налутено додава: „И на Крит ќе врне вечерва!“
Некаде на половина сон почна да врне. Мајка ми низ сон вели: „Колку убаво врне. Овој дожд уште повеќе ме тера на спиење“. Татко ми ги проверува вратите и прозорците, па додава: „Убаво е сега додека капе пополека, ќе видите подоцна каков дожд ќе заврне“…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd
ДАРЈАН РАДЕНКОВИЌ
EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd

НАШАТА МАЛА ШЕЕСЕТ И ОСМА

Ништо не мириса поубаво од Тафталиџе во јуни. Лесно поднослива запурнина на потегот на булеварот на кој одамна заборавените приказни одново добиваат контури. Карамела и смоква во голем корнет, како и секогаш. И додека да стигнеш трипати на аголот од старата аптека, врелината на асфалтот ќе завладее со малото корзо, па ако внимаваш доволно, речиси можеш да го чуеш како воздивнува растоварено од дузината чекори што брзаат да не му се вратат. Тоа се единствените денови во годината кога градските сонувачи можат да си дозволат фишек ксенофобија.
А, неа ја немаше во ниту една од приказните, освен во вистинската, се разбира. Оти вистинската никогаш, нималку, не личела на неа.
Постојат работи кои не можеме да ги видиме, знаеш. А, би морале…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ОСМОМАРТОВСКА БАЛАДА

Вратата се затвори со трескот во петнаесет минути до седум. Во седум таа веќе лежеше меѓу капутите во ходникот со отечен образ.
Во меѓувреме тој ѝ посака среќен Осми март, таа се пожали што го немало до вечерта, а тој рече дека ѝ подготвувал изненадување за утредента. Малку подоцна таа го фати како ѝ буричка во капутот и од џебот го вади паричникот. Се обиде да му го извлече од рацете, но тој ја оттурна и почна да објаснува дека слушнал за наместен натпревар во обложувалницата, дека добивката е сигурна, а коефициентот мошне висок – четири и педесет. Тоа значеше дека за две илјади денари ќе добијат девет и утредента ќе ја носи на вечера во ексклузивен ресторан. „Да се чувствуваш како вистинска госпоѓа за Осми март.“ Но, таа го немаше платено кредитот, а и на децата требаше да им се купи облека. „Како партали одат на училиште, срамота е од луѓето.“ Тоа ѝ се последни пари, ќе нема дури ни да им остави за појадок во понеделник. „Гладни ли да ги пуштам на училиште?“ Таа се зададе уште еднаш по паричникот, овој пат погрубо, но доби силна шлаканица и падна повлекувајќи ги капутите од закачалката…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd
EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd

ДЕВОЈКАТА СО ВИОЛИНАТА

Тоа беше една од оние стари згради во кои човек секогаш ќе се чувствува како потстанар по спомени. Сепак, имаше во неа некој романтичен шпирит што нè приближи мошне брзо и го направи мојот престој таму сосема пријатен и удобен. Како уморниот лифт со дрвена конструкција, на пример, или, пак, старите поштенски сандачиња во кои при отворање, чиниш, ќе најдеш од оние подгорени тајни писма, чиј испраќач ти е и повеќе од познат.
Затоа, колку и да ме изненади звукот на виолината во ходникот, додека се враќав дома, една запарна скопска августовска вечер, не можев да не забележам колку тој совршено се вклопува во амбиентот и не можев да не појдам поблиску до местото од каде што доаѓаше. Се поткачив по скалите до првото одмориште и сега веќе можев да ја лоцирам вратата од зад која доаѓаше таа прекрасна мелодија…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

МИХАИЛ РЕНЏOВ

ГАЛИЈА

На таа галија што пловеше и по морето и по небото, ништо не беше случајно. Ни патниците ни екипажот не беа случајни. Според едни, галијата беше колната, според други, благословена. До ден денешен, чист и точен одговор никој нема. Сè на галијата, ко што реков, беше одбрано. По кои знаци, по кои стигми, кој го вршел изборот, никој не знаеше. Претпоставувам дека тој што ги одбирал патниците го правел тоа според тупотот на срцето, според биењето на жилите во дамарите, по пламенот што им избивал од темето, а со кој ја покажувале упорноста, предаденоста и решеноста да стигнат до целта, притоа согласни со сите страдања и болки, со сите неизвесности и ризици, непоколебливи во умислата да пристигнат таму каде што се упатиле…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd
EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd

MЕРМЕРНА ПЛОЧА

Уште од млади години во мене се всели и ме насели поезијата, а со неа и интересот кон таинствата и чудесиите што го сочинуваат животот. Со часови талкав по околината на градот, по ридовите и доловите, по темниците, по меандрите на реките, по суводолиците, ги толкував легендите, сказните и приказните, летот на птиците итн. Но, да бидам искрен, најповеќе гледав и се залажував со чудесиите на небесата, на небесната длабочина и широчина, ги толкував зраците и самраците, молњите и облаците, ветровите и громовите, чиишто писма ги читав, ги растајнував и им се восхитував. Ви велам, наразен и заразен од стиховите, од песните, замаен од вознесите, од чудата што создаваа витли во лудата глава, секојдневно скитав по земните изохипси и летав по небесните шари, ги следев утринските пожари или им се радував на облаците, а најмногу во темните пештери на заодот. Така, еднаш, гледајќи во небото, ме привлече чудната линија на хоризонтот на највисокиот рид над градот, онаа што го двоеше небото од земјата, земјата од небото, златестата крива линија, спуштена, изрецкана, заоблена, извишена и како со божја рака испишана врз синилото на небото…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ВОДЕНИЦИ

Ова го препишувам онака како што сум го запишал, онака ко што ми го раскажал богоугодниот Заре од с. Горно, во далечната 1987 година, седнати на гумното карши манастирот Св. Пантелејмон. Ливчињата со записот ги чувам до ден денешен, зашто од буквите како сè уште да извира неговиот глас, иако тој ја напушти земната светлина и се пресели во небесната градина пред многу години. Беше погребан на манастирските гробишта како последен покојник, а преселен на новите гробишта како прв упокоеник. Покој на душата негова праведна и надарена, поточно благословена со милноусна глаголивост. А, еве што ми раскажа Заре, чуварот и клисар на исцелителниот манастир Св. Пантелејмон во с. Горно, епархија Скопска:
На потокот во долот што сега го гледаме пред нас, а кој постои откога постои светот и манастирот, вртеа три воденици, наредени оттука па дури до влезот во градот. Во водениците се мелеше жито од десетина села во планината, дури до Реката. Имаше бујата, дрочна вода, која извираше на Зарина од под стената на Султан Суи. А, жито колку сакаш, и сказни и приказни колку што ќе посакаш…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd
АНА СТОЈАНОСКА
EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd

ЉУБОВНИЦИ

Автобусот беше здодевен од секојдневноста. Седев без ни малку надеж дека ќе се случи нешто. Слушав, како по дефиниција, нешто од својата музика. Во овој случај Вуди Шо, ми го откри еден човек од едно мое блиско минато. Музиката на Вуди Шо ја сонував често, без да знам која е, имаше и сценарио тој сон, не само музика. На следната станица, на празното двојно седиште пред мене, седнаа двајца. Ме нервираат автобуси во кои четири седишта се свртени едни спрема други. Како да сме во градинка, па треба да се дружиме. Или генијалниот конструктор тоа го смислил да го реши проблемот со отуѓувањето. Ме нервира сè што ја навредува мојата приватност. Интровертна си, во тоа е проблемот, би рекол другар ми. Па што и да сум, би му одговорила кога тоа и не е важно за приказната. Моите потенцијални дијалози. Полна ми е главата со нив. Чудно ми е зошто не се остваруваат кога и вака и така сите сме го кажале истото. Или го повторуваме. Кaко што реков, на следната станица седнаа двајца, маж и жена…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ДИЈАЛОГ ВО ЕДНИНА

– Монопретстава со многу чад и музика –

Многу музика, чад и сон измешан со мирис на отруен облак, потоа навидум кренати раце, да го опфатат светот што мириса на ѓубре. Зошто велиш мириса? Кога смрди ѓубрето, ме надополнува додека вдишувам прва цигара рано наутро. Молчи, му велам, од тебе смрди сето мое што станало нетвое. Се вљубуваш? ме праша. Не, одговорив уште пред да го голтне прашањето. Знаеше дека го лажам, ама одмолча додека ја отвораше старата кутија полна блуз што насетува стари минати таги во едно. Се насмеав. Паузата ја правам за да одморам од емоциите. Многу се. Сè е многу кога сум јас во прашање. Доаѓа до мене, нежно ми ја трга главата, како да сака да прочита што има во неа. Никому тоа не му е јасно, му велам. Што тоа? Збунето се оттргнува од мене. Ништо нема во неа. Тоа сакам да ти кажам. Каде? Пак збунет седнува. Во мојата глава. Седнувам и јас…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd
EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd

ОГЛЕДАЛО

Не ги сакаше раноутринските будења. Мирисот на истрошени соништа во устата, запечатен со стари плунки што го насетуваа бројот на цигарите или пак мноштвото капки алкохол од претходната ноќ. Не. Не ги сакаше ниту раноутринските ритуали. Не сакаше да се протега, облекува, да оди во бањата, да се мие. Можеби сакаше само да се измоча. Да се олесни. Стана. Ако тоа може да се нарече станување. (Сè може да се нарече станување, малечка, ако се двете нозе на под.) (Не влегувај во мојот расказ, те молам.) Секогаш спиеше гол. Не дека му беше тешко да се облече. Туку дека сакаше да не чувствува никаков допир од облека на своето тело. (И таа сакаше кога тој спиеше гол, нели, малечка?) (Доста, те молам, не влегувај ми во расказот, знаеш колку мразам да раскажувам.) (Па, немој.) Влезе во бањата…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ОЛИВЕРА ЌОРВЕЗИРОСКА

МРТВИ КУЌИ

Почина нашата кутра, голема куќа. Ѝ направив мал погреб: сите соби, сите катови, полукружните тераси, подрумот, гаражата, дворот, политираната витрина од кујната, прашливиот тросед од „комбинованата“, размрданиот шифоњер од спалната, светларникот сосе својот нечист поглед, мојата гарсониера и јас. Не дојдоа брат ми и неговиот стан, зашто беа оковани во пранги. Не дојдоа ниту книгите, зашто тие години порано побегнаа на крајот од светот, веројатно претчувствувајќи ја смртта на нашата куќа. Како глувци од брод што тоне. Други не ни поканив. Никому друг не ни кажав…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd
EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd

КОЊОТ НА ЖИВКО ШТРК

Никој не можеше да го сочува коњот подобро од Родне и таа, совршено подразбирајќи го прашањето како задолжителна школско-домашна задача, брзо и високо ја крена својата слабуњава, ковчеста рака.
„Јас, наставнику, јас!“ извика на сет глас потпирајќи ја немоќната рака со цврстиот бастун на продорниот глас. Дебелите кренати раце на другите деца во училницата неуко и тетераво прелетуваа над немирните очи на наставникот, сè додека рачето и гласиштето на Родне со здружени сили не се вивнаа во неговото внимание како заканувачки опасен инсект кој не смее да не се забележи.
„Ти? Ти имаш фотоапарат?“ зачуден и израдуван во исто време, наставникот речиси потрча кон задната клупа од каде што Родне веќе го беше потстанала своето кревко снаже. „Брзо, брзо, оди донеси го најбрзо што можеш! Трчај!“ ѝ довикна, ама Родне веќе беше излетана од училницата.
„Наставнику, наставнику!“ викаа децата во еден глас. „Таа нема… таа нема… а не пак апарат! Лаже, наставнику, лаже!“ …

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ШИВАЧКА

Ќе го пресошијам светот околу мене со различни басма, текстилни материјали од секаде и од секогаш. Најдобрите допири ќе ги наменам за нештата од порано, ќе ги прекројам и подновам првин излитените и износени сеќавања, потоа со издашно одвиткување на новите негибнати траби со скапоцени платна ќе распослам бои и шари одовде до бескрајот и со дрвено, дуќанџиско метро ќе бележам со креда, а сетне со гломазни, метални шивачки ножици ќе сечам парчиња во форми на ногавици, ридови, ракави, јаки, детелини, вратоврски… чкрапји и бетонски огради, во форми на слога и на кавга, на тишина и неподнослива врева во неподнослива пладневна жега околу работничката зграда зариена сред ситниот, закржлавен расад на полуселските куќички и едната единствена покондирена палата во предградието… ќе накројам работа за илјадници идни фабрики и дни, фустани со фалти и набори, поли за кошули со и без брусни за градите, преслеки за столчиња и отоманчиња, калафи за ѕидови и за цели куќи и предели, ќе изнатрупам наметки за сегде и за секого, за невидливост и за незаборавност, за впечатливост и за незабележливост…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

EVN-raskazi-Ilustracii A5.indd
КНИГА ВТОРА
ЕРМИС ЛАФАЗАНОВСКИ
Zab

Заб

„Јас, лично, никогаш не сум го разбирал Мазев така како што го опишуваат критичарите: експресионист кој ја исцицал цела модерна од светот и ја тутнал на платна во рамки, во вид на линии, спирали, извитоперени женски лица, уплашени очи, испружени кон сонцето раце, стилизирани мисли, апстрактни актови и модели, гради, задници, носеви. Еве, една негова слика носи наслов Жена. Но, што гледаме, или, поточно, што останало од кутрата жена? Ајде сетете се: каде ѝ е главата? Што значат тие криви линии? Цицки? Нозе? Раце? Или и едно, и друго и трето, ама свртено на глава. Критичарите велат дека е тоа декомпониран објект, а јас велам декомпониран до непрепознавање! Ако е така, зошто мораме ние во нашите мисли повторно од тоа да компонираме слика на жена?“ …

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Албум

Ова сум јас на автобуската станица.

Заминувам од Скопје.

Ова е на аеродромот во Франкфурт. Ме гледаш како сум дотеран. Господин човек.

Овде сум во Чикаго.

Ова е мојата насмевка, седната на една клупа во парк, заедно со нашите сонародници – Илија, Даме и Ѓорѓи.

Ова е бензинската пумпа во која ми најдоа работа.

Ова е мојот пес Бруно.

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Album
Slobodna

Слободна

Се викам Љуба и одамна сум веќе мртва. Моето безживотно тело го најдоа во еден плиток ендек покриен со троскот, див коноп и глог, на полпат помеѓу Радовиш и Струмица, некаде меѓу Калуѓерица и Дукатино, таму каде што едно тесно патче, на кое се наѕираат само стари исушени траги од тракторски гуми, полека се искачува кон планинчето на чиј врв се остатоците од некогашно црквуле.

На нозете носев чевли со високи потпетици, фустанот ми беше во сина боја, со бордо цветчиња, купен од еден бутик во Трговскиот центар во Скопје, а горе имав бела ленена кошула и темно сако: токму како што најмногу сакав да се облекувам. Ме најдоа како лежам на грб со десната рака под мене, небаре сакам да сокријам нешто од некого, а другата во насока на ливадата, со отворена дланка и испружени прсти – небаре сакам да покажам кон нешто или кон некого…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ЛИРА БОЈКУ

АКО ТЕШКО СЕ ОДЉУБУВАШ

Со прст го лижеше остатокот кафе во сивиот филџан со скршена дршка. Навика што ја имаше од малечка и со која често ги нервираше другите. Тој не го тргаше погледот од нејзе, како пред него да имаше уметничко ремек-дело. Една жива слика каде што толку убаво се пресекуваат реалноста и имагинацијата. Нејзиното лице за него беше законот на убавината.

Со бистрост, со танкиот врв од јазикот ја излижа долната усна, на која имаше останато малку од кафето, за да ги избалансира малку таа праскова и малку розова боја што ѝ се цртаа на усните. Му фрли еден поглед нему, еден вулгарен поглед што потоа омекнуваше и најавуваше прашања…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Ako teshko se odljubuvash
Generalot Sh

ГЕНЕРАЛОТ Ш.

Беше силен и одржан старец, воопшто не беше изморен од животот, иако секој негов удар благо му беше нацртал по една брчка на лицето со боја на земја. Еве го седнат како и обично на дрвената клупа крај реката, токму пред зајдисонце. Секој ден го среќавав токму таму, во исто време, на исто место, со истата сива капа, со лулето в уста и со весникот в рака.

Тој беше познат воен генерал, многу почитуван на времето, со живот преполн со спомени и искуства. Спектар од приказни преплетени во неговата 81 година. Ме знаеше уште од мала и ме сакаше премногу. Секогаш кога ќе ме видеше како се враќам од работа ќе ме запреше за да ми раскаже трошка од илјадниците делчиња од своите сеќавања за годините на војната. Го сакав и го почитував многу, жива легенда, свет колку познат толку и непознат, кој секогаш сакав да го истражувам со својата неисцрпнa љубопитност…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

СУПА ОД КОПРИВИ

Ja јадеше супата од коприви, задлабочен во многу лоши мисли. Рацете ги имаше стегнато како со бес на дрвената маса покриена просто со карирано ленено платно, додека ракавите од сивата кошула ги имаше свиткано до лактите, како да му пречеа во церемонијата на јадењето. Еднаш ѝ фрлаше поглед на насловната страница на денешниот весник, потоа на супата, но, сепак, ниту еднаш мене, иако го чувствуваше моето присуство во собата.

Забележав дека секогаш кога ќе ја приближи лажицата до врвот на устата му се тресеше раката. Видов дека јаде со нејзината лажица. Лажицата беше неизмиена во полукругот на кој лесно се гледаше црвенилото од нејзиниот кармин. Тој со големо внимание ја јадеше супата со таа лажица, не сакајќи влажноста на супата и копривите да ја измијат дамката од лажицата. Ах, камо среќа тоа да беше нејзината единствена дамка! Но, таа остави многу дамки по бегството. Дамки кои не ги мијат ниту океани…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Supa od koprivi
СИМОНА ЈОВАНОСКА
Toj sirena

Тој, сирена

Тоа утро сонцето беше необично силно и небото личеше на загреан капак легнат врз разлутен експрес-лонец што вари луѓе. Сите ние бевме нервозни и жедни, а голем дел од присутните ги јадеа сендвичите што им беа подготвени дури за вечера. Го чекавме траектот што доцнеше поради дефект. Ужасна атмосфера владееше на пристаништето, наоколу се врткаа господа облечени во прецизно испеглани панталони и со испотените лица нервозно негодуваа над ситуацијата што одбиваше да се потчини на нивната моќ за контрола.

„Полошо од природна непогода!“ гласно зборуваше една дебела жена со испотени пазуви, кои не се срамеше да ги покаже судејќи по рацете што демонстративно ѝ беа подигнати во воздух…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Часовникот

Беше точно 10 часот и чуварот широко ги отвори вратите од музејот. Редицата беше долга и кривулеста, сочинета од луѓе со големи очекувања и со надразнето трпение. Во рацете ги држеа своите билети и импровизираа ред, колку што можеа.

Откако ќе влезеа во просториите на објектот, како делта го распрснуваа своето течение. Вниманието им беше насочено кон различни тематски стилови, а тоа претставуваше олеснителна околност за крвотокот на организацијата. Имаше и групи со соодветно информирани водичи за кои се чинеше, барем за поголемиот дел од нив, дека си ја сакаат работата.

На ѕидот, веднаш над влезот десно, висеше ѕиден часовник и се досадуваше. Часовникот чувствуваше запоставеност поради вниманието што успеваше да го одмине, бидејќи младите посетители секогаш времето го гледаа на телефон, а старите до него не догледуваа…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Chasovnikot
Vintrelokvistot

ВЕНТРИЛОКВИСТОТ

На мирната сцена точно во средината имаше стол, и тој беше празен. Публиката се состоеше од уредно дотерани родители и деца што се обидуваа да го пронајдат местото за седење, па несмасно проаѓаа преку стапалата на другите и колку што можеа се извинуваа поради тоа.

„Извинете, но мислам дека седите на моето место.“
„Извинете што Ви го згазнав чевелот.“
„Треба да Ви биде жал, внимавајте малку.“
„Вие внимавајте до каде ги пуштате нозете.“

А, секој од нив ги пушташе своите нозе онолку колку што му достигаат, ни милиметар повеќе. Не поради другиот, туку од небрано. Не беше лесно да се спружат нозете подолго одошто достигаат, тоа бараше посебни вештини и карактерни предиспозиции со кои малкумина можеа да се пофалат, а кога не беше за фалење – малкумина да се пожалат…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ВЕРЧЕ КАРАФИЛОСКА

Бавча со зелени патлиџани

Вчера мама Зоја низ солзи ми ја кажа вистината. Знаев дека е важно уште кога ми влета во собата без да тропне, со разбушавени коси и поткожурени очи. Молкома ја слушав како зборува, како зборовите си ги избира. Не ѝ кажав оти знам дека не сум од неа излезен, оти знам дека ме нашла оставен до контејнерот. Мама Зоја мислеше дека не знам дека ме спасила од лебарки, и глувци, и мачки, и кучиња и од лоши луѓе. Не ѝ кажав дека еден ден, кога срцето ми биеше посилно од грмотевиците, отрчав до дневната и случајно ги слушнав како со тато зборуваат за тоа. Не ѝ кажав зашто не сакав да се сети на времето кога не јадев, и се криев во собата, и одбивав да одговорам кога другарите ме бараа на врата. Не сакав да се почувствува виновна за професорот што го удрив, и за детето што го истепав, и за соседот со кој се закарав. Не ѝ кажав оти не сакав да се скоси уште толку. Солзите ѝ секнуваа зад стравот додека ми кажуваше како мојата родилка ѝ се јавила, и ѝ кажала чиј сум, од каде сум…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Bavcha so zeleni patlidzani
Lovci na svetulki

ЛОВЦИ НА СВЕТУЛКИ

Кога брат ми најави дека пристигнува, со мама бркавме светулки во тревите зад планинската куќарка – таа што ја купи тато кога на мама стомакот ѝ нарасна до брадата. Се стрчав внатре и свикав по тато. „Што е?“ извика тој и преплашено дотрча. А, јас му кажав дека мама рекла оти на бато во стомакот тесно му станало. Тој тогаш отиде кај мама, ѝ помогна да стане од тревата и со автомобилот нè одвезе во болница. Чекавме неколку часа: тато седнат на едно столче, јас легната во неговиот скут – пред лекарите да ни кажат дека бебето се родило.
Пред брат ми да дојде на свет, мајка ми ми беше најдобрата другарка. Заедно си игравме со барбики и со коцки, гледавме филмови, правевме ручеци од лисје и од цветови, си раскажувавме приказни, и заедно фаќавме светулки…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Коси од розова волница

Ќерка ми се вика Солза.

Солза – како капката што ми виснуваше од крајчето на окото додека со стиснати заби ѝ давав род. Солза – како водицата во која ми се капеше насмевката кога првпат ѝ го стиснав телцето во рацете. Им го носи името на мравите кои сега сакам да ги пуштам да закапнат и да престанат да ми се тискаат како лепливи кнедли под клепките, ама не можам. Не можам. Оти слободна не сум. Оти слободна никогаш повеќе не ќе бидам.

Кога ја родив својата Солза, мислев дека нема поголема болештина на светот. Мислев дека кога тоа парчелдисување сум го издржала, ќе можам да издржам сѐ. Мислев дека секоја тегоба е проследена со радост, оти со Солза така бидна. Мислев многу нешта, ама никогаш не помислив дека крајот ми е близу, дека ме чека пред портите како верно куче…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Kosi od rozova volnica
ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ
Tragi vo snegot

ТРАГИ ВО СНЕГОТ

Снегот што вееше цела ноќ утрово лежи како бескрајна лакмусова рогозина. Нема криење. Баба лаже – трага во снег не лаже.
Секој што направил макар и неколку чекори до фурната или до контејнерите оставил некаков знак на бескрајниот бел лист.

Траги во снегот:
од санка, од копита и
од некој мочко.

Пред неколку дена во Службениот весник излезе „Законот за забрането мокрење во јавен простор“. Предвидената глоба е три просечни месечни плати.
Во другите годишни времиња човек може да се протне некако ако не може да додржи до дома. Ама сега нема бегање…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ШАХОВСКА ТАБЛА

Оваа зима главен хит е шах на Интернет.

Нема живо пиле по замрзнатите улици.

Сите седат пред екраните и играат шах. Некој со шурата, некој со сосетката, некој со роднините-гастарбајтери, а некој дури и со велемајсторот, кој игра симултанка на 1.001 табла.

Некои играат потпишани со цело име и презиме, сосе матичен број, но повеќето се криеме зад псевдоними: Гаспар Распар, Шеф Сале, Реми Мартен…
Единствената продавница што оваа зима работи рентабилно е книжарницата на плоштадот: шаховската литература се продава како алва.
Добро работи и фотокопирот.

Оваа зима се променија дури и вестите, кои наместо да зборуваат за рецесијата и успесите на Владата, сега започнуваат со ударните шаховски отворања и извештајот за рејтингот на нашите шахисти на Светската шаховска листа…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Sahovska tabla
Dolga nokj

ДОЛГА НОЌ

Некои ноќи се подолги од век, а, сепак, прекратки за да се премота филмот од едно долгогодишно пријателство.
Побавни се од спуштањето на живата во термометарот под пазува на некој близок.
Подолги од ноќта во која ги враќаме стрелките за еден час, среќни дека следното утро ќе спиеме нешто подолго, но и тажни дека се скратува денот.
Некои ноќи се подолги и од сенката на Кинескиот ѕид на изгрејсонце и на зајдисонце.

Долга ноќ. Читам
книга со посвета од
починат автор.

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ЧЕШМА

На патот до планинската чешма молчешкум ги слушаме чекорите врз паднатиот дел од шумата.
А, кај чешмата некој ја раскажува приказната за Ѓуре, немо дете што таму проговорило откако се напило две-три голтки.

Си ја замислувам радоста на мајка му и на целото село. Сигурно веста за чудото пропатувала побрзо од светлината.

Чешмата како да има чудотворно дејство врз секој што потпивна од нејзината кочан студена вода. За миг сите стануваме помуабетливи, вклучувајќи ги и инструментите што ги понесовме.

Но, на враќање веселата поворка се дели во две патеки. Само тројца поминуваме покрај чудотворната чешма…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

Cesma
Po vikendot

ПО ВИКЕНДОТ

В недела навечер се прибираме од пат.
Куферите ги оставаме на сред ходник и повремено ги прескокнуваме како во трка со пречки.
Сите се залетуваме. Некој подготвува вечера. Некој со огромна љубопитност го вклучува телевизорот за да провери кој победил на Вимблдон.
А, некој со огромна, безгранична грижа на совест се упатува кон аквариумот.

По викендот без
храна, рипката отвора
уста ко тигар.

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

КНИГА ТРЕТА
ИВАН ШОПОВ

Oгради

Жешко скопско лето, средина на 90-тите. Дете сум, и моите прошетки ретко се одвиваат надвор од кругот на населбата во која живеам. Со двајца другари – едниот од нас држи топка во рацете – шетаме покрај дворовите на улицата Јуриј Гагарин во Козле. Ги меркаме примамливите овошки и правиме план за крадење. Брзо се согласуваме околу „жртвата“: ја фрламе топката во дворот на пејачот Јонче Христовски, лесно се прекачуваме преку оградата и зјапаме во посакуваните плодови, ако добро се сеќавам – праски. За жал, не стигнуваме до пленот. Јонче веднаш излегува и со груб, речиси заканувачки глас, ни се обраќа: „Што очи барате овде?! Да ве нема!“

Бевме збунети и не знаевме што да одговориме на грубото прашање, кое и не беше баш прашање. Срамежливо го напуштивме дворот, земајќи си ја топката, повторно лесно прескокнувајќи ја оградата.

Тоа беше мојот прв и последен обид за кражба на овошки откај Јонче…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

RASKAZI kniga 3.pdf-4
ЃОКО ЗДРАВЕСКИ
RASKAZI kniga 3.pdf-3

ОГЛЕДАЛО

Зборувам. Зборувам. Многу зборувам. Не престанувам да зборувам. Глупости. Прекумерно многу глупости.
Се смеам. Трчкам. Пред неа. Зад неа. Потскокнувам.
Со големо огледало в рака. Приближно, 120 на 20.
Поминуваме на црвено. Поминуваме низ кафулиња, меѓу згради, низ паркови, меѓу коли, меѓу луѓе со кучиња, меѓу мешани брачни двојки.
Не престанувам да зборувам. Да се смеам. Да потскокнувам.
Таа негодува. Се мурти. Очекува да молчам. Да бидам пристоен. Да внимавам на огледалото.
Глупости. Не престанувам да зборувам глупости.
Стигнуваме дома. Го закачува огледалото на ѕидот. Замолкнувам. Огледалото е на сигурно. Јас сум на сигурно.
Молчам.
Седиме на двата спротивни краја од станот и молчиме.

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

ЃОРЃИ КРСТЕВСКИ

Неверојатна приказна

Да, просто да не ви се верува. Замислете, некој човек некоја вечер порано се враќа од работа и ја затекнува сопругата како го изневерува со неговата сенка. Човекот збеснува, почнува да вика и да се заканува, вади пиштол од некоја фиока, истрелува кон жена си, ја погодува, истрелува кон сенката, но оваа е итра и му бега наоколу. Човекот пука низ станот, но сенката му се сокрива во некој темен агол. Човекот вклучува светло, а сенката никаде ја нема. Ја бара насекаде, ама не ја наоѓа. Потоа го апсат, го осудуваат, никој не му верува во приказната.

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.

RASKAZI kniga 3.pdf-2
СЕФЕР СЕЛИМИ
RASKAZI kniga 3.pdf-1

Двете копја што го згрешија противникот

Поминаа две години откако беа разделени. Долгата ноќ на разделба му остана врежана во сеќавањето како камелеон со измешани чувства. Понекогаш кога се присетуваше чувствуваше среќа, имаше едно чувство на слобода, ослободен од одговорноста кон неа, без обврски, без барањата на една врска. Друг пат чувствуваше недостиг, самотија, духовна празнина – чувства кои може само тагата за другиот да ти ги предизвика, длабоко во нежноста на една изгубена љубов, покриена со маката од вообичаеното секојдневие. Имаше случаи кога споменот за неа не му поттикнуваше никакво чувство, како облак чад од огнот што гори во некој контејнер некаде далеку, многу далеку. Најтешко од сè беше кога споменот раѓаше чувство на чудна, тешка вина без многу значење…

Претвори ја својата печатена фактура во електронска и дочитај ги расказите.